Утрински Весник
Економија

Се зајакнува соработката меѓу Стопанската комора на Северозападна Македонија и Министерството за економија

Се зајакнува соработката меѓу Стопанската комора на Северозападна Македонија и Министерството за економија

Министерот за економија Крешник Бектеши оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и потпретседателите Арсим Папранику, Ејуп Абдулаи и членот на Комората, Ќаније Селими.

Како што информираат од ресорното министерство, целта на состанокот била зајакнување на соработката помеѓу Комората и Министерството за економија, во делот на креирање на мерки и политики за подобрување на условите за работа на компаниите.

За таа цел Стопанската комора на Северозападна Македонија назначила еден од своите членови да биде директна врска помеѓу Комората и министерството во делот на креирање на мерки за поддршка на бизнисот.

„Една од мерките во Четвртиот сет, како одговор на долгогодишните барања на бизнисот е намалување е парафискалните давачки, кои бизнис секторот ги посоочува како еден од клучните фактори за подобрување на конкурентноста“, кажал Бектеши и посочил дека во тек е формирање на мултиинституционална работна група која што во наредните неколку месеци ќе работи на утврдување на оние услуги кои имаат карактер на парафискални давачки, а кои би можеле да се намалат и да се скратат.

„Нашата цел е да се намалат колку што можат административните обврски и трошоците на бизнисот“, додал министерот.

На средбата се дискутирало и за идните предизвици и мерки за олеснување на условите за работа на бизнисот, посебно во услови на пандемија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Дурмиши: Цените на храната се намалуваат