Утрински Весник
Економија

Се гради звукозаштитна ограда на сообраќајната обиколница кај Битола

Се гради звукозаштитна ограда на сообраќајната обиколница кај Битола

Битола, 22 април 2020 (МИА)Јавното претпријатие за државни патишта почна со подготвителни градежни работи за изградба на заштитна ограда на сообраќајната обиколница кај Битола.

Цел на проектот, кој долго време се најавува е да се зголеми безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот и на локалното население кое живее во непосредна близина на магистралниот пат Прилеп-Битола-Ресен, истакна Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

За реализација на проектот изработена е проектна документација за заштитна ограда на обиколница Битола со вкупната должина на обиколницата од осум километри. Со поставувањето на звукозаштитни и заштитни бариери ќе се обезбеди сигурно и безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег, нема да се оставаат или фрлаат отпадоци на обиколницата и таа ќе биде безбедна и со нов модерен лик почнувајќи од тунелот и вдолж магистралниот пат на кој често минуваат пешаци, посочи Груевски.мт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска

Николоски: Стабилни цените на транспортните услуги, индивидуално го решаваме проблемот на превозниците