Утрински Весник
Економија

Се гради звукозаштитна ограда на сообраќајната обиколница кај Битола

Се гради звукозаштитна ограда на сообраќајната обиколница кај Битола

Битола, 22 април 2020 (МИА) – Јавното претпријатие за државни патишта почна со подготвителни градежни работи за изградба на заштитна ограда на сообраќајната обиколница кај Битола.

Цел на проектот, кој долго време се најавува е да се зголеми безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот и на локалното население кое живее во непосредна близина на магистралниот пат Прилеп-Битола-Ресен, истакна Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

–За реализација на проектот изработена е проектна документација за заштитна ограда на обиколница Битола со вкупната должина на обиколницата од осум километри. Со поставувањето на звукозаштитни и заштитни бариери ќе се обезбеди сигурно и безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег, нема да се оставаат или фрлаат отпадоци на обиколницата и таа ќе биде безбедна и со нов модерен лик почнувајќи од тунелот и вдолж магистралниот пат на кој често минуваат пешаци, посочи Груевски.мт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Долгот ќе стигне до 12 милијарди евра, државата нема да може ниту камати да плаќа

СДСМ: Следува нов ценовен удар – Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

ЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!