Кичево, 17 април 2020 (МИА) – Продолжуваат градежните работи во кичевското село Зајас, каде моментално се уредуваат неколку улици од селото.
Општина Кичево продолжува да работи на подобрување на инфраструктурата и тоа претежно уредување на селски улици. Дел од улиците се асфалтираат, но поголемиот дел се градат со бекатонки.
– Непречено се одвиваат работите на терен за подобрување на животот на граѓаните и во селските средини во нашата општина. Моментално предвидено е да се уредуваат неколку улици во село Зајас: „Теќе“ 1650 метри квадратни, „Трапчин Дол“ 1020 м2, Долно Строгомиште 1000 м2, Стрелци 1900 м2 и Србица 530 метри квадратни. Претежно, овие улици се градат со бенетон плочки, истакна Бурим Кадриу од Општина Кичево.
Тој посочи дека ова инфраструктурна инвестиција се финансира од буџетот на општината, во вредност од околу шест милиони денари.
– Ние нема да застанеме тука. Во наредниот период се предвидува и во другите села на нашата општина да се подобрува инфраструктурата, освен во овие улици каде што моментално се работи, потенцира Кадриу.рз/фф/