Утрински Весник
Спорт

Серџи Роберто се договорил со Интер

Серџи Роберто се договорил со Интер
300x250 (7)

Серџи Роберто, еден од четворицата капитени на Барселона, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот. Договорот на Роберто истекува на 30.јуни 2022 година и тој без обесштетување ќе го напушти „Ноу Камп“.

„Мундо Депортиво“, пишува дека 29-годишниот фудбалер, ја одбил понудата да го продолжи договорот со клубот. Роберто е дете на Барселона, тој е еден од оние фудбалери кои преку клупската академија стигнале до првиот тим.

Img 5587

Ситуацијата со Серџи Роберто уште еднаш покажува дека работите во Барселона се далеку од нормални. Веројатно и односот што го имаат навивачите кон него од почетокот на сезоната, придонел Роберто да донесе одлука да го напушти клубот.

Во поразот од Баерн, навивачите го исвиркаа кога излезе од теренот. Шпанските медиуми тогаш пишуваа дека долго време плачел во соблекувалната.

Според „Мундо Депортиво“, Серџи Роберто, од наредната сезона ќе го носи дресот на Интер. Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, ја искористил актуелната ситуација во Барселона и го завршил трансферот на Роберто.

> Серџи Роберто се договорил со Интер <

Ss1

Можете да прочитате

Алкараз обвинет за местење натпревари

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен