Утрински Весник
Спорт

Сензационална победа на Џејкоби, двојни победи за Русија и Велика Британија

Сензационална победа на Џејкоби, двојни победи за Русија и Велика Британија

Трет ден на пливачките натпревари, на Олимписките игри во Токио. Златни медали освоија Том Дин на 200 слободно, Евгениј Рилов и Кајли Мекион на 100 грбно и Лидија Џејкоби на 100 градно.

Британецот Том Дин, во изворедна трка, го освои златото на 200 метри слободно, пред сонародникот Данкан Скот и Бразиелцот Фернандо Шефер. Дин победи со време 1:44.22 минути.

Австралијката Кајли Мекион ја оправда фаворитската улога на трката на 100 метри грбно. Мекион славеше со време 57,47 секунди. Ова време е за само две стотинки побавно од нејзиниот светски рекорд.

Кајли Мас од Канада го освои второто, а Американката Реган Смит заврши како трета.

Во истата оваа дисциплина, но во машка конкуренција, двојна победа забележаа Русите. Златниот медал му припадна на Евгениј Рилов, кој со резултат 51,98 секунди, постави нов европски рекорд на 100 метри грбно. Неговиот сонародник, Клименти Колесникотв, задоцни за две стотинки, додека бранителот на златото од пред пет години во Рио, Рајан Марфи го освои бронзениот медал.

На 100 метри градно големо изненадување приреди Американката, Лидија Џејкоби. Во конкуренција на фаворизираните Лили Кинг и Татјана Шонмакер, таа го освои златниот медал со време 1:04.95 минути. Шонмакер го освои второто, а Кинг третото место.

> Сензационална победа на Џејкоби, двојни победи за Русија и Велика Британија <

Можете да прочитате

Мбапе потврди дека е дојден крајот на неговата мисија во ПСЖ

Пелистер поведе против Работнички и е на чекор до ново финале во мак-баскетот

(Видео) Ѓоковиќ доби шише во глава и завршил во болница