Утрински Весник
Македонија

Села: Османи да сноси одговорност што не ги предупреди граѓаните за рускиот напад на Украина

Села: Османи да сноси одговорност што не ги предупреди граѓаните за рускиот напад на Украина

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, побара од министерот за надворешни работи, Бујар Османи да сноси одговорност што не ги предупредил граѓаните за рускиот напад на Украина.

„Мислам дека Северна Македонија како земја членка на НАТО треба да има информации, ако имаа точни информации тогаш треба да имаме и одговорности. Десетици семејства, деца и мајки, родители, граѓани и државјани на Северна Македонија ги оставивте во Украина, а сега во време на војна да се обидувате да создадете коридори за излез од кризните огништа. Ако овој министер знаел сè, тогаш треба да преземе одговорност за секое семејство што е денес таму“, порача Села.

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?