Утрински Весник
Спорт

Секој шести Французин го гледал дебито на Меси за ПСЖ

Секој шести Французин го гледал дебито на Меси за ПСЖ
Dik 300x250 mk

Секој чекор на Лео Меси во Франција будно се следи, а во неделата навивачите на ПСЖ конечно дочекаа тој да заигра во дресот на клубот од Париз.

Против Рен во игра влезе во 65 минута на местото на Нејмар, а ПСЖ на гости триумфираше со 2-0 со двата гола на Мбапе.

Откако дресовите со број 30 на кои стои презимето Меси се распродаваат низ цела Франција, мечот Рен-ПСЖ во директен пренос го следеле 10,5 милиони жители на Франција што е убедливо најгледан меч во историјата на Лига 1.

Според последниот попис, Франција има 67,4 милиони жители што ќе рече дека секој шести Французин го следел дебито на аргентинскиот ас во новиот клуб.

Меси големо внимание предизвика и во Шпанија, затоа што завчера првпат настапи во Европа за клуб кој не е Барселона. Неофицијалните информации се дека во Шпанија над 2,2 милиони луѓе го гледале дебито на Меси за ПСЖ.

> Секој шести Французин го гледал дебито на Меси за ПСЖ <

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане