Утрински Весник
Свет

Секој петти Белгиец има антитела против Ковид-19

Секој петти Белгиец има антитела против Ковид-19
300x250 (7)

Околу 20 проценти од населението на Белгија во моментов има антитела против коронавирусот, а здравствените власти предупредуваат дека колективен имунитет може да се појави само кога најмалку 70 проценти од популацијата е имуна.

Повеќето луѓе со антитела биле евидентирани во регионот на Валон (27 проценти), во Брисел (23), додека во Фландрија е забележан пад од 12 на девет проценти од оние кои имаат антитела против Ковид-19.

Img 5587

Во Белгија досега се вакцинирани 3,1 процент од граѓаните, што ги става пред соседните Германија и Франција (2,8 проценти), Луксембург (2,3) и Холандија (1,1).

Пред Белгија, според процентот на вакцинирана популација, се Данска (4,1 процент), Ирска (4,1), Романија (3,7), Финска (3,3) и Шведска и Полска (3,2).

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум