Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Седум лица го прекршиле полицискиот час во Тетовско

Во тетовско пет лица не го почитувале полицискиот час
Img 7972

Тетово, 24 март 2020 (МИА) – Уште седум лица ноќеска не го почитувале ограничувањето на движењето во периодот од 21 од 5 часот, соопшти денеска МВР.

Полицијата вчера инфомираше дека пет лица на тетовското подрачје не останале дома во време на полицискиот час, или вкупно 12 за првите два дена од мерката.

– Во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Тетово на 22 лица им се издадени решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, и три лица пополниле изјави дека ќе ги почитуваат препораките за самоизолација од 14 дена. Притоа во споменатиот преиод не се констатирани лица кои ја прекршиле обврската за изолација/самоизолација, соопшти МВР.

Во периодот од 26 февруари до 7 часот на 24 март на подрачјето на СВР Тетово издадени се вкупно 56 решенија за изолација, додека пополнети се 670 изјави за самоизолација. Во наведениот период регистрирани се само три непочитувања на дадените изјави за самоизолација, додека поднесени се четири кривични пријави против четворица сторители по член 206 од Кривичниот законик. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Франкенштајн” на Театарот за деца и младинци ја доби наградата на публиката на фестивалот МЕСС во Сараево

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Манасиевски: Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче