Утрински Весник
Магазин

Седум концерти во кругот на МКЦ по повод Меѓународниот ден на џезот

Седум концерти во кругот на МКЦ по повод Меѓународниот ден на џезот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска, на Меѓународниот ден на џезот, програмата „Култура во време на корона“ ќе биде посветена на џез-музиката. Во кругот на МКЦ ќе настапуваат седум македонски музичари и групи.

За во 14 часот е закажан концертот на Антноие, во 15 часот ќе почне настапот на „Zulu4“, во 16 часот за скопјани ќе настапуваат „Parussion group“, во 17 часот ќе почне концертот на „Светлост“, за во 18 часот е закажан настапот на „3јест“, терминот од 19 часот е резервиран за концертот на „Кабадајас“, во 20 часот, пак, ќе настапат „Зџм колектив“ – гости Џијан Емин и Георги Шарески.

Нивните настапи ќе бидат стримувани на фејсбук-страницата на Град Скопје, како и на нивниот „Јутјуб“ канал.

За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk