Утрински Весник
Свет

Севернокорејски политиколог: Понудената помош на САД од вакцини е злобна политичка шема

Севернокорејски политиколог: Понудената помош на САД од вакцини е злобна политичка шема

Хуманитарната помош на САД е злобна политичка шема што врши притисок врз државите, изјави севернокорејскиот политиколог Канг Хјун Чол, откако Јужна Кореја советуваше дека помошта за вакцини и друга помош може да помогнe во соработката меѓу земјите.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ја критикуваше понудата на САД да помогнат со вакцините, што јасно укажува на тоа што мисли владата на таа земја, проценува „Ројтерс“.

Канг, кој е постар истражувач и политички научник во провладината асоцијација за унапредување на економската и технолошката размена, покажа примери од целиот свет во кои ја поврзува американската практика на усогласување на помошта со притисоците врз човековите права.

„ Ова јасно открива дека американската хуманитарна помош е поврзана со теми за човекови права – со тоа се легитимира притисокот врз суверените држави и се спроведува нејзината злобна политичка шема“, напиша Канг.

Како пример, тој го спомна одбивањето на американската помош од страна на владата на Авганистан, од каде што американските трупи ќе се повлечат во следните недели.

Северна Кореја не покажа интерес за помош од Јужна Кореја или САД, но прифати ограничена помош од Кина и Русија.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња