Утрински Весник
Спорт

Себалос за Гвардиола: Артета учеше од можеби најдобриот тренер во историјата

Арсенал го позајмува Себалос од Реал Мадрид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 25 април 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себалос, кој игра во Арсенал на позајмица, зборуваше за работата под водство на Микел Артета.

– Ми се допаѓа да работам со Артета. Како асистент на Гвардиола, имаше можност да учи од можеби најдобриот тренер во историјата. Тој има свој концепт и карактер на победникот. Мислам дека во блиска иднина ќе стане еден од најдобрите тренери во Англија, рече Себалос.

Артета влезе во стручниот штаб на Гвардиола во Манчестер сити во 2016 година, а во декември 2019 година го презема Арсенал. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025