Утрински Весник
Економија

СДСМ: Ја покачивме минималната плата, следи и раст на пензиите

СДСМ: Ја покачивме минималната плата, следи и раст на пензиите

„Грижата за работниците е еден од врвните приоритети на СДСМ бидејќи тие се нашата најголема вредност.

Успеавме и во време на економска и енергетска криза да обезбедиме 80.000 работници веќе од први април да добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари.

Ова законско решение е резултат на конструктивен социјален дијалог меѓу новата Влада предводена од СДСМ, синдикатот и работодавачите.

За само четири и пол години двојно ја зголемивме минималната плата, којашто во 2017 изнесуваше само 8.800 денари.

Растот на минималната плата ќе доведе до раст и на останатите плати. Следува и ново зголемување на пензите откако со редовно законско усогласување минатиот месец се зголемија за 2.9 отсто.

Во тек е дијалогот со сите засегнати страни за нова методологија која ќе овозможи континуиран раст на пензиите во иднина.

Преку навремени и ефикасни мерки и политики го подобруваме економскиот стандард на работниците и на околу 330.000 пензионери.

СДСМ останува посветена на унапредување на животниот стандард на граѓаните и во таа насока ќе продолжиме да работиме“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!

Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања