Утрински Весник
Магазин

Роберт Патинсон го живее сонот од детството на филмското платно

Роберт Патинсон го живее сонот од детството на филмското платно

Роберт Патинсон се облекувал како Бетмен цело негово детство.

А сега, британскиот актер ќе дебитира со својата верзија на човекот-лилјак во најновиот филм за суперхеројот од „Ди-си комикс“.

„Ова е бизарно за мене“, рече Патинсон (35) на црвениот тепих за специјалната проекција на „Бетмен“ во Лондон во средата. „Многу сум љубопитен што би помислил малиот јас, малиот Роберт, за ова“.

Патинсон, кој стекна светскат слава со филмовите „Самрак“, ги следи стапките на Адам Вест, Вал Килмер, Мајкл Китон, Кристијан Бејл и од неодамна Бен Афлек меѓу другите, за да го глуми Брус Вејн / Бетмен.

„Мислам на наследството на актерите кои го играа Бетмен, сите тие беа голем дел од мојот живот и мојот интерес за филмот, и една од причините што сакав да бидам актер“, рече Патинсон.

„Просто е неверојатно да се биде дел од истата група“, вели тој, истакнувајќи дека глумењето со маска е многу тешко. „Пораснав со Адам Вест. Мислам дека мојот костум кога бев дете беше костумот на Адам Вест“.

Во филмот, Бетмен истражува корупција во Готам по убиствата на неколку јавни личности од страна на садистички сериски убиец, Ридлер.

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување