Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Јасна порака на ЕУ дека ги поддржува законските измени за судиите, ВМРО-ДПМНЕ е очајна

Европската унија упати порака дека очекува поддршка од пратениците за Законот за продолжување на рокот за пензионирање на судиите, соопшти СДСМ.

„ Тоа го потврди и евроамбасадорот Дејвид Гир во неговото вчерашно обраќање пред мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија- ЕУ во македонското Собрание кој наведе дека пензионирањето на голем број судии останува предизвик.

Јасна е пораката дека ЕУ очекува решение затоа што правото и владеењето на правото се значајни, не само за државата, туку и во однос на членството во Унијата. Ова предизвикува уште поголем очај кај ВМРО-ДПМНЕ, кој не бира средства во обидите да го блокира законот, со цел да ја попречи правдата, да го одбрани криминалот на своите сопартијци.

Во својата жестока одбрана на криминалот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа инциденти на Комисијата за европски прашања. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е против функционален судски систем, но залудно, одговорност за секој криминал ќе има“ велат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Изложбата „Будна вода“ и промоција на „Разбудена вода“ во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник: Еве кои се обичаите!

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“