Утрински Весник
Македонија

Претрес во Грчец, пронајден кокаин, приведено 20-годишно лице

Утрово во скопското село Грчец полицијата привела 20-годишно лице, кај кого била најдена дрога.

Според информациите од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, пронајдени се и одземени ќеса со кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.

С.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Фалсификувани 98.500 евра во поставата на јакната – млад Македонец фатен во Бугарија

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Од ноќва зимско време: часовниците се поместуваат од 3 на 2