Скопје, 4 април 2020
Немаат крај фрустрациите и очајот на Христијан Мицкоски кој и во најголема здравствена криза продолжува да шири политикантство и дезинформации.
Целата држава, институциите, граѓаните, службениците, сите бескомпромисно се борат против коронавирусот, само фрустрираниот Мицкоски очајно шири лажни вести и неоснована паника.
Со таквото однесување, со свесното ширење лажни вести, Мицкоски е опасен по здравјето на граѓаните.
Лажните вести на Мицкоски се одраз на неговата неодговорност и неспособност.
Не е точно дека нема тестови за коронавирус, оваа е безобразна невистина на Мицкоски која е демантирана и од надлежното Министерство за здравство.
Во државата има доволен број на тестови, над 4.500 тестови има само во Институтот за јавно здравје и дополнителни количини во приватни клиники., а со првичната набавка неделно се надополнува количина од по 2.000 теста.
Не е точно ниту дека ќе се намалат пензиите како што јавно лаже Мицкоски. Со економските мерки на Владата кои се преземаат се спасуваат 250.000 работни места, се обезбедува основен приход на граѓаните и се гарантира исплата на сите пензии и социјални трансфери.
Работниците, пензионерите, граѓаните може да бидат спокојни, државата е тука за нив и помага.
Нема да дозволиме Мицкоски да ги загрози пензиите на 515.000 пензионери. Небулозните „мерки“ на Мицкоски со кои бара да се земат парите на граѓаните од вториот пензиски фонд се неприфатливи и тоа нема да се дозволи.
Ако веќе не може да помогне, Мицкоски нека не одмага, а своите фрустрации да престане да ги истура врз граѓаните.
Владата, институциите покажаа подготвеност и капацитетност да се справат со кризата, преземаат навремени мерки и тоа ќе продолжат да го прават и понатаму.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
____________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.