Утрински Весник
Македонија

Владата ќе одржи седница

Владата ќе одржи седница

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница.
Како што информира владината прес-служба, за заклучоците од седницата ќе информираат веднаш штом ќе биде завршена.

Владата на вчерашната 34-та седница, донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од вчера од 21:00 часот до 05:00 часот во понеделник (06.04.2020 година). Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот. вг/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври