Утрински Весник
Економија

СДСМ: Сите пакети на антикризни мерки ги даваат предвидените резултати

СДСМ: Сите пакети на антикризни мерки ги даваат предвидените резултати

Сите пакети на антикризни мерки ги даваат предвидените резултати, поддршка од Владата предоводена од СДСМ добиваат илјадници граѓани и компании, велат oд владејачкиот СДСМ преку сооопштение.

„Владата предводена од СДСМ во услови на здравствена и финансиска криза предизвикана од светската пандемија, создаде економски пакети коишто се состојат од низа мерки со цел полесно справување со последиците од коронакризата врз стопанството, населението, работниците, младите и многу граѓани од други категории.

Со досегашните мерки, стотици илјади луѓе ги задржале работните места, а поддршка добиле илјадници компании.

Владиниот одговор на фискалната политика на пандемијата беше експресен и далекосежен за претпријатијата и вработените во најпогодените дејности како и за најранливите категории на граѓани.

Владините економски мерки директно придонесоа за ублажување на негативните последици врз доходот и потрошувачката на домаќинствата, како и активноста на деловните субјекти.

Фискалниот стимул на досегашните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП.

Оттука, се проценува дека преку овој фискален импулс падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020, односно би изнесувал -8,4% , наспроти реализираниот пад од 4,5%.

Четирите сета економски мерки дадоа значителен придонес и за ублажување на последиците во однос на стапката на невработеноста“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат

Девизните резерви 5,2 милијарди евра