Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Противпожарната бригада има гориво за уште неколку денови, загрижувачка е неспособноста на Арсовска

Секојдневно на виделина испливува неспособноста на Данела Арсовска. Според јавно достапните информации Противпожарната бригада има гориво за само уште една недела. Ваквата неодговорност е загрижувачка, затоа што се работи за основен ресурс на еден од најважните сервиси на Градот, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека во ваква ситуација може да дојде до попречување на редовното функционирање на противпожарната бригада со што во опасност може да се доведе општата безбедност и здравјето на граѓаните.

Поради неспособноста на Арсовска, претходно Град Скопје остана без принтери, а неколку денови граѓани на цели општини останаа без јавен превоз затоа што Град Скопје не им плаќаше на приватните автобуски превозници.

Скандали, неработа и неспособност, тоа ги одбележа првите седум месеци од мандатот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска е дефинитивно најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје и едно од најголемите разочарувања за граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни