Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Помошта од петтиот пакет мерки стигнува до граѓаните

СДСМ: Помошта од петтиот пакет мерки стигнува до граѓаните
Img 5587

Пратениците од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, ги усвои законите кои ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата со месеци свесно и намерно ги блокираа, соопшти СДСМ.

„ Поддршката за исплата на плати за месец февруари и март деновиве започнува да пристигнува кај граѓаните. Блокадите, лагите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, одново се поразени. Разликата е очигледна.

Ss1

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стори сѐ помошта што е обезбедена со мерките од Владата, да стигне до граѓаните на кои им е потребна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата правеа сѐ законите да не се донесат, мерките да се одолговлекуваат и десетици илјади работници да останат без плати.

Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата работат за сопствени интереси, на штета на граѓаните и државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнето од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција“ се наведува во соопштението на владејачката партја.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт