Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Новите деструктивни идеи за блокада на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени

300x250 (7)

Откако им пропадна деструктинвата идеја за блокирање на собранието, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се договара како да ги блокира граѓаните и државата, се наведува во соопштението на владејачкиот СДСМ.

„Граѓаните, медиумите и сите јавни личности едногласно го осудија бојкотот на Собранието и ова делување на опозицијата но тоа не го предомислува Мицкоски да се откаже од овие погубни стратегии. Граѓаните не смее да бидат жртви на себичноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ повторно ќе ги порази новите деструктивни идеи на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз економијата и граѓаните“, се истакнува во напишаното.

300x250 (7)

„Ги повикуваме да се вразумат и да се откажат од ваквата политика на деструкции, насилство и блокади и конечно барем еднаш да застанат зад државните интереси. Мицкоски конечно мора да собере храброст да се откаже од подаништвото кон Груевски, кој се повеќе е очигледно дека целосно ја контролира партијата“, потенцираат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ за жал, како што оценуваат од партијата на власт, останува заробена партија во криминал и непроменета во однос на начините на делување и водење политики. Од владејачката партија повторуваат дека избори ќе има во регуларен рок на кои овие политики на ВМРО-ДПМНЕ, како што додаваат повторно ќе бидат силно поразени.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт