Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Новата Влада има полн легитимитет и ќе испорача резултати, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува

СДСМ: Новата Влада има полн легитимитет и ќе испорача резултати,  во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува

Новата Влада предводена од СДСМ значи ефикасност во работењето, одговорност и посветеност во решавањето на сериозни предизвици кои се пред граѓаните, велат од владејачкиот СДСМ.

Покрај докажани професионални кадри од претходниот состав на Владата, додаваат од оваа партија, речиси 70 отсто од министрите од редовите на СДСМ се нови, компетентни лица, подготвени да ја преземат одговорноста во соодветните ресори.

„Новата Влада има полн легитимитет добиен на изборите од 2020 година и има капацитет да испорача резултати во однос на надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните. СДСМ постојано покажува капацитет за промени, со цел што подобро да им служи на граѓаните и државата. Од друга страна, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, во тамошното раководство се уште се присутни стари познати кадри, соработници на Никола Груевски и поддржувачи на режимот“, е наведено во писмениот допис.

Сметаат дека, додека СДСМ постојано се менува, ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, останува истата деструктивна партија која работи на штета на граѓаните.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт