Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Најлошото за македонскиот народ кулминираше и заврши на 27 април 2017 година

СДСМ: Поради деструктивноста и одбраната на насилници ВМРO-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција
300x250 (7)

Најлошото за македонскиот народ заврши со падот на режимот, СДСМ го носи најдоброто за државата, најдоброто за секоја општина, велат од СДСМ.

„Најлошото за македонскиот народ кулминираше и заврши на 27 април 2017 година со насилниот упад во Собранието. Од тогаш, секој изминат ден е подобар од претходниот, бидејќи на патот по кој одиме заедно со граѓаните е патот напред. Тоа е пат кој донесе членство во НАТО, кој ги врати слободата и демократијата, патот кој донесе повисока минимална и просечна плата и повеќе пари кај граѓаните, патот на локалниот и регионалниот развој на кои сведочиме во овие четири изминати години“, велат од СДСМ.

300x250 (7)

Од таму додаваат дека како одговорна државотворна партија, со сите сили туркаат напред кон подобра иднина, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со сите сили кочат и се обидуваат да ја вратат државата назад, во темното минато на режимот на Груевски.

„Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тие и натаму се најлошата политичка опција, заедно со нивниот неформален коалиционен партнер Левица. Граѓаните да бидат спокојни, со многу работа, со отворени и отчетни политики и со нови големи сојузништва го носиме најдоброто за државата, ќе го обезбедиме најдоброто во секоја наша општина“, велат од СДСМ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт