Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот Заев го задолжува секое семејство за 500 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот Заев го задолжува секое семејство за 500 евра
300x250 (7)

Заев да објасни зошто со ребалансот има пари за партиската администрација која седеше дома, а нема пари за земјоделците, невработените и бизнисот кој е во криза, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на Заев со ребалансот на буџетот не нуди развоен концепт и поддршка на стопанството, туку безобразен предизборен поткуп. Ова значи дека парите наместо во инвестиции, индустрија, реалниот сектор погоден од кризата, угостителите, занаетчиите, земјоделците и други засегнати групи и сектори ќе се потрошат краткорочно за ублажување на катастрофалниот пораз на Заев“, велат од партијата.

300x250 (7)

Сето ова, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, Заев не го прави со пари кои успеале да се акумулираат изминатите години, туку со нови и нови задолжувања.

„Така буџетскиот дефицит е планиран да достигне над 6% или приближно 210 милиони евра нов долг ќе им се стави на товар на граѓаните. Тоа е околу 500 евра нов долг за секое семејство, само заради краткорочниот популизам, неодговорност и поткупот на власта на Заев. Секое семејство само со овој ребаланс го задолжува за 500 евра. Јавноста досега виде дека со Заев нема инвестиции, нема нови капитални објекти, нема развој, туку безобразно трошење и галопирачки долг кој веќе ќе наближува на 7,5 милијарди евра. Овој долг кој сега Заев го прави заради купување денови социјален мир, скапо ги чини граѓаните. Затоа 4 години власт на Заев се 4 изгубени години за граѓаните и економијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт