Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Наместо бесплатен автубиски превоз, Арсовска во време на криза воведе поскап билет од 120 денари

СДСМ: Наместо бесплатен автубиски превоз, Арсовска во време на криза воведе поскап билет од 120 денари

Наместо бесплатен автобуски превоз со кој ги лажеше граѓаните, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие воведуваат дневен билет од 120 денари, соопшти СДСМ.

„ Во време на криза, наместо да им помогнат на граѓаните, Арсовска и ЈСП воведуваат поскап билет. Претходно, ова јавно претпријатие преку Арсовска бараше пари за помош од Владата иако тоа е под надлежност на Град Скопје, партиските кадри на Арсовска ја уназадија работата на ЈСП.

Заради лични хирови Арсовска го прекина проектот Бас рапид транзит и наместо да воведе бесплатен превоз, воведе нов поскап билет, што само по себе говори за нејзината неодговорност кон граѓаните и Град Скопје.

Арсовска не е способна да менацира ниту со сегашната флота автобуси, а не пак да обезбеди 250 нови еколошки автобуси, како што ги лаже граѓаните со месеци“ додаваат од партијата.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни