Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014

СДСМ: Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014

Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра, реагираат од владејачката СДСМ, по денешната прес-конференција на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека сè уште нема основни одговори од кој материјал се градени болниците.

„Игор Николов треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика, треба да се засрами и в очи да ги погледне неговите колеги лекари, здравствениот персонал и кога зборува за градби треба да каже што сè ќе се направеше за здравствениот систем за 600 милиони евра“, се вели во партиската реакција.

Од СДСМ обвинуваат и дека 11 години, додека ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, прст не бил помрднат за здравствениот систем.

„Игор Николов наместо празни флоскули и лаги нека одржи една прес-конференција што сè ќе добиеше здравството и пациентите за 600 милиони евра“, порачуваат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт