Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски прави деструкции во време на најголема криза

По објавувањето на црната листа на САД, на која се најде неговиот шеф Груевски, Христијан Мицкоски целосно се загуби, реагираат од СДСМ.

Според владејачката партија, во време на најголема економска криза лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прави деструкции, блокади и по секоја цена врши партиско мотивирање на протести.

„Граѓаните не ги интересира себичната политичка желба на Мицкоски.

СДСМ е посветен на интересот на граѓаните и државата.

Пред нас е одговорна работа, справување со последиците од најголемата криза по Втората светска војна којашто Владата предводена од премиерот Ковачевски успешно ја спроведува“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е стабилно и нема да дозволи загубениот Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да им направат штета на граѓаните“.

Можете да прочитате

И Извештајот на Европската комисија забележува – ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт, велат од Левица

Царинска управа: ЕК нотира добро ниво на подготвеност во спроведување на реформите во Поглавјето 29 – Царинска унија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче