Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача – да ги одбрани криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача – да ги одбрани криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

Нервозата кај Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ е голема затоа што никако не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови, не успеваат да ги реализираат нарачките од Будимпешта, велат од СДСМ.

„Затоа секојдневно шират лажни вести, невистини и дезинформации, затоа поддржуваат протести на кои се бранат криминалци и насилници. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад осудените насилници од крвавиот четврток кои упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, застанаа зад криминалот на нивниот тајкун Орце Камчев, не успеваат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Сашо Мијалков. Целата јавност слушна снимка каде се докажува соработката на Мицкоски со Зоран Милески Кичеец, а сега ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за правдата и конструира непостоечки случаи“, пишува во соопштението.

Христијан Мицкоски, додаваат од СДСМ, потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија на чело на белиот дворец.

„Мицкоски наместо на страната на граѓаните и државата, стои на браникот на криминалот и затоа шест пати за четири години е поразен на избори и уште долго ќе остане во опозиција“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт