Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски не го знае Уставот, излегува со смешни ултиматуми без правна основа

СДСМ: Мицкоски не го знае Уставот, излегува со смешни ултиматуми без правна основа

Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право, реагираат од СДСМ.

„ Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано. Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница.

На Мицкоски очигледно не му кажале какви се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа“ велат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози.

„ Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите“ порачуваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Од први јули забрана за движење во шуми, казни до 2000 евра

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност