Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски нема чувство за државност и одговорност

СДСМ: Мицкоски нема чувство за државност и одговорност
300x250 (7)

„Предлогот на француското претседателство е објавен и граѓаните можат да се уверат дека имаме чист Македонски јазик во ЕУ, идентитетските прашања се заштитени, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес. Ова Мицкоски упорно не сака да го види и заради политички интерес се обидува да претстави нешто различно“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

Од партијата велат дека „Мицкоски сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести. Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега“.

300x250 (7)

„Повеќе од јасно е дека Мицкоски никогаш не сакал и немал интерес за конструктивен дијалог, туку го интересирал само личниот интерес. Тој не сака јавноста, политичките партии, експертите, граѓанските организации да го искажат својот став за предлогот, туку да го наметне својот недржавнички став. Неговата цел никогаш не била државата ниту иднината на граѓаните. Неговата цел никогаш не бил македонскиот идентитет, македонскиот интерес. Единствено Мицкоски сака да предизвика некоја штета, ако може да за закочи државата, да доживеа некаков неуспех, да биде заглавена“ велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која тој посочи дека предлогот што е на маса, а Владата го криеше, всушност е истиот што веќе еднаш беше одбиен.

Ss1

Можете да прочитате

Европски фронт: Граѓаните како што сакаат да го искористат правото на глас на претседателските избори

Ванковска и сопругата на Апсиев контра Силјановска-Давкова: И Пушкин ќе го укине!

(Видео)Милановиќ за Пендаровски: Тој е вистинскиот човек за Македонија