Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски замина во Унгарија по нови насоки од Груевски

СДСМ: Мицкоски замина во Унгарија по нови насоки од Груевски

Христијан Мицкоски очигледно отишол по нови насоки и задачи кај неговиот шеф, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски, реагира СДСМ по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски дека се наоѓа во Унгарија каде ги следи резултатите од тамошните избори и очекува победа на актуелниот премиер, Виктор Орбан.

Од СДСМ прашуваат дали Груевски му ја кажа на Мицкоски и „стратегијата“ за случајот „Плацеви на Водно“ во кој е обвинет дека правел малверзации за да стекне огромен имот во Скопје?

„Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот на Никола Груевски. Затоа овие денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го блокираат Законот за Академија за судии и обвинители“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош