Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски да објасни што договарал со бугарските здруженија во државава, наместо да се крие зад соопштенија од белиот дворец

Наместо од белиот дворец секојдневно да пласираат лаги и невистини, Христијан Мицкоски треба да излезе и да објасни што договарал со претседателите и основачите на бугарските здруженија и клубови во државава. Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“ имаат објавено бројни фотографии каде се во друштво на Мицкоски и високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведфуваат дека деновиве, во јавноста се појавија и фотографии каде Мицкоски во еден манастир е сликан со претседателот на здружението „Цар Борис Трети“. Што била целта на овие среди и што договарал Мицкоски, тоа треба да каже тој самиот, наместо да се крие зад соопштенија од белиот дворец.

Владата предводена од СДСМ по прашањето со Бугарија постапува сериозно и одговорно, заштитувајќи ги црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена во Собранието.

Ниту за Гоце Делчев, ниту за јазикот, ниту за македонската посебност, нема и нема да има какви било преговори, македонскиот идентитет денеска е меѓународно потврден и загарантиран, ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми патриотизам и да ги лаже и вознемирува граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Стојчевски: Со Мицкоски, младите се заборавени, понижени и тепани од криминалната власт

Уставниот суд со појаснување до Судскиот совет во врска со за извршувањето на одлуките

Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години се коцкале за пари во последните 12 месеци