Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски прифати погубна резолуција на ЕПП

Ss2

Владата на чело со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски се грижи за националните интереси, достоинството на сите граѓани и силно го брани македонскиот идентитет и дома и надвор, соопшти СДСМ.

„ Од друга страна е Христијан Мицкоски кој дома ги поткопуваше државните позиции со ширење невистини, а надвор прифати погубна Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија. Запаметено ќе остане дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не се спротивставиле на спорната Резолуција на ЕПП, дека не направиле ништо против тоа.

Img 5587

Разликата е голема и граѓаните ја гледаат и препознаваат. Ковачевски го брани македонскиот идентитет, а Мицкоски премолчено прифаќа ставови на Бугарија“ велат од владејачката партија.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт