Утрински Весник
Македонија

СДСМ и ДУИ постигнаа договор за коалиција, владата ќе ја предводи Заев

СДСМ и ДУИ постигнаа договор за коалиција, владата ќе ја предводи Заев

СДСМ и ДУИ постигнаа договор за коалицирање, со цел создавање на парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, со полн мандат кое во наредните четири години ќе работи соодветно принципите на новата влада.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети рече дека денеска имале успешна работна средба на која ја утврдиле рамката на идната соработка на владата.

„Овој договор којшто го постигнавме ќе биде презентирам и доставен на одобрување пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ во текот на денешниот и утрешниот ден, како и пред коалиционите партнери“, рече Заев. Тој истакна дека владата ќе ја предводи тој како премиер во полн мандат, а брзиот напредок во преговорите и брзите суштински договор им биле важни со цел брзо ставање во функција на институциите во земјава со цел успешно справување со пандемијата на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ковачки: Целото јавно обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.

Мицкоски го правда Фетаи: Уште го учи македонскиот јазик оти се иселил на шест години

Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро