Утрински Весник
Македонија

СДСМ и ДУИ постигнаа договор за коалиција, владата ќе ја предводи Заев

СДСМ и ДУИ постигнаа договор за коалиција, владата ќе ја предводи Заев

СДСМ и ДУИ постигнаа договор за коалицирање, со цел создавање на парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, со полн мандат кое во наредните четири години ќе работи соодветно принципите на новата влада.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети рече дека денеска имале успешна работна средба на која ја утврдиле рамката на идната соработка на владата.

„Овој договор којшто го постигнавме ќе биде презентирам и доставен на одобрување пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ во текот на денешниот и утрешниот ден, како и пред коалиционите партнери“, рече Заев. Тој истакна дека владата ќе ја предводи тој како премиер во полн мандат, а брзиот напредок во преговорите и брзите суштински договор им биле важни со цел брзо ставање во функција на институциите во земјава со цел успешно справување со пандемијата на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство го модернизираат начинот на кој државата добива идеи и проекти

Левица: ДПМНЕ се обидува да ја манипулира јавноста со лаги – менување на законите значи удар врз имотот и животната средина

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, наместа пороен дожд со грмежи и пониска темепература