Утрински Весник
Економија

СДСМ: Започнува имплементација на законот за зголемена минимална плата од 18.000 денари

СДСМ: Започнува имплементација на законот за зголемена минимална плата од 18.000 денари

Од денеска започнува примената на законот за зголемена минимална плата од 18.000 денари, трудот на работниците го вреднуваме, минималната плата продолжува да расте, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека мартовската плата за 80.000 наши сограѓани ќе изнесува најмалку 18.000 денари, или во просек 45 евра повеќе приход за секој работник во време на енергетска криза.

Со ова зголемување, за само четири и пол години минималната плата ја зголемивме од 8.800 на 18.000 денари.

Владата предводена од СДСМ ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината. Со оваа решение им излегуваме в пресрет на граѓаните и стопанството, бидејќи е важно да имаме задоволни работници, но и силно стопанство кое придонесува за поголем економски раст.

Овој закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи се воведе нов критериум за пресметување на минималната плата која не смее да биде пониска од 57% од просечната плата, а усогласувањето започна да важи со мартовската плата.

Продолжуваме да обезбедуваме повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети и повисок животен стандард за граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Левица: Власта го турка народот во должничко ропство – 260 милиони евра кредит, а ќе вратиме над 326 милиони!

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари

МЕМО стана полноправна членка на AIB