Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Започна процесот на преговори со ЕУ, пропаднаа лагите за наводна асимилација и бугаризација

Република Северна Македонија по 17 години во чекалната, ги започна преговорите за членство во Европската Унија. Со првата меѓувладина седница и со скрининг процесот кој е во тек Северна Македонија го отвори направи историски исчекор кон реализација на стратешката цел – членството во ЕУ, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека преговорите се водат на македонски јазик, со чиста формулација, без никакви фусноти и додавки, со заштитен македонски јазик и со историски прашања надвор од преговарачкиот процес. Со тоа пропаднаа сите лаги за наводна асимилација и бугаризација, за загрозување на македонскиот идентитет што хистерично ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ.

Времето покажа дека сите такви лаги служеле единствено за да се попречи напредокот на државата и таа да се врати назад во изолација и неизвеснот.

Сега, потребно е сите да се вклучат во процесот на преговори, потребните реформи да бидат донесени за преговарачкиот процес да заврши што побрзо. Македонската иднина е европска и неа не може никој да ја загрози, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври”

На „Магистрален пат“ во Кичево сообраќајка со три жртви