Утрински Весник
Економија

СДСМ: Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот

СДСМ: Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот

Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по обвинувањата упатени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како и сите други држави погодени од кризата така и Северна Македонија мораше да обезбеди капитал однадвор за полесно справување со последиците од кризата, за да се обезбеди ликвидност во време на светска пандемија и за да се направи фискален простор за дејствување и преземање на антикризни мерки. Лицемерието и несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ се дотолку поголеми ако се знае, дека и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска кадар токму на ВМРО-ДПМНЕ, а намената на овие средства е строго утврдена“, наведе СДСМ во реакцијата.

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на расипништво и криминално трошење на парите на граѓаните, партија која заради криминални интереси тројно го зголемила јавниот долг финансирајќи непродуктивни трошоци за богатење на поединци.

Вчера Министерството за финансии објави дека јавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот и негарантираниот долг заклучно второто тримесечје од 2020 изнесува 59,5% од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува зголемување за 8,8 процентни поени. Државниот долг заклучно второто тримесечје е 50,7% од БДП, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска истакнаа дека со тоа, јавниот долг е зголемен за една милијарда евра, што значи дека секое просечно семејство е задолжено за нови 2.000 евра јавен долг и тоа само во последните три месеци. Од партијата посочија дека ова е рекорден раст на јавниот долг во Македонија за едно тримесечје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден