Додека СДСМ одржува внатрепартиски непосредни избори, ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес на кој сè се знае однапред, велат од СДСМ.
„Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е стара нереформирана партија, СДСМ постојано се менува и подобрува.
Во СДСМ утре се одржуваат избори за претседател со тројца кандидати, а претседателот го бираат членовите партијата. Тоа е врв на демократија незамислива за ВМРО-ДПМНЕ“, порачуваат од партијата на власт.
Од таму потсетуваат дека и ВМРО-ДПМНЕ утре одржува конгрес на кој, како што велат, сè се знае однапред бидејќи таму има само еден кандидат.
„Тоа е огромна вредносна разлика помеѓу демократскиот одговорен пристап на СДСМ и режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ“, се нагласува во партиската реакција.