Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно ја политизира несреќата, истрагата тече, одговорност веќе има

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно ја политизира несреќата, истрагата тече, одговорност веќе има

Од владејачката СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да ја политизираат несреќата и ги злоупотребуваат чувствата на семејствата на починатите во тетовската модуларна болница во дневно политички цели на крајно низок и неморален начин.

„Утврдувањето на причините за пожарот се само еден сегмент од истрагата, а во меѓувреме се уште се чекаат и резултатите од вештачењето на германските експерти. Веќе има и одговорност од директорите на тетовската болница кои поднесоа оставки, а кои ќе бидат разрешени по изборите, согласно законите“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму, неодговорната, антинародна партија предводена од Христијан Мицкоски продолжува со своето деструктивно однесување на штета на граѓаните и здравствениот систем.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт