Утрински Весник
Спорт

Заврши сезоната за Ласина Траоре

Заврши сезоната за Ласина Траоре

Шахтјор до крајот на сезоната остана без еден од најдобрите играчи, Ласина Траоре. Фудбалерот на натпреварот со Интер, во Лигата на шампионите, доживеа серозна повреда на коленото.

Траоре, во летниот преоден рок, од Ајакс се пресели во редовите на Шахтјор. Веднаш се наметна како еден од лидерите во тимот.

Против Интер, тој остана да лежи по еден дуел со Дензел Дамфрис. Потоа на носилки, со болна гримаса на лицето, беше изнесен од теренот.

Прегледите ја покажале сериозноста на повредата, Траоре сериозно го оштетил коленото.

„За две недели ќе биде опериран. Рехабилитацијата ќе трае од девет до 12 месеци“, соопшти лекарскиот тим на Шахтхор,

Фудбалерот од Буркина Фасо, од почетокот на сезоната одигра седум натпревари на кои постигна шест гола.

> Заврши сезоната за Ласина Траоре <

Можете да прочитате

Карагер му порача на Касемиро дека му е време за преселба во Саудиска Арабија

Навивчите на Денвер брзо заборавија што се направи за нивниот клуб Јокиќ

Минесота го доби и вториот натпревар во плејоф серијата со Денвер