Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно предизвика инцидент во Вевчани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно предизвика инцидент во Вевчани
300x250 (7)

 

ВМРО-ДПМНЕ свесно го носи народот во опасност, провоцира и подгрева тензии во Вевчани, велат од СДСМ.

„Јавноста денеска уште еднаш беше сведок на неодговорно, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ, кое провоцира, подгрева тензии и дејствува опасно за јавното здравје. Група активисти, предводени од претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани, почнале провокации кон припадниците на МВР, кои интервенирале при прекршувањата на мерките за заштита на здравјето“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани намерно предизвикала инцидент, а, како што велат од партијата, преку порталите под контрола на белиот дворец се обидувала да ја подгрева јавноста преку тенденциозни и несоодветни споредби со настаните од 1987 година.

„Уште еднаш на дело се покажаа неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и очајната состојба во која се наоаѓаат. Свесно ги носеа жителите на Вевчани во опасност провоцирајќи и поттикнувајќи поделби меѓу граѓаните. Не проаѓа тоа. Апелираме до сите граѓани да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите од белиот дворец и да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот“, велат од СДСМ.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт