Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Арсовски нека побара слики од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога на Инфективна немаше вода

СДСМ: Арсовски нека побара слики од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога на Инфективна немаше вода

Арсовски нека побара слики од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога на Клиниката за инфективни болести немаше вода, денес Интерните клиники се реновирани по цели 70 години, реагираат од СДСМ на обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, дека сите клиники и болници во државава се во катастрофална состојба.

„Срамно, вулгарно и нечовечки е тоа што ВМРО-ДПМНЕ на некрофилски, морбиден начин се потсмева на жртвите од коронавирусот и нивните семејства, што тера политиканство во време на светска пандемија. По цели 70 години Венко Филипче, Владата предводена од СДСМ ги реновираа интерните клиники и заедно со медицинскиот тим од нив направија ковид центри за згрижување на пациенти заболени со вирусот ковид 19. Венко Филипче направи систем со кој во секоја болница има ковид центар за згрижување на пациенти, а овозможи и непречено да функционираат редовните интервенции и прегледи во рамките на мој термин“, велат од СДСМ.

Додека цел свет е под огромен притисок поради пандемијата со вирусот Ковид 19, додаваат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ единствено што има на дневна агенда е спас на наследникот на Груевски, губитникот Христијан Мицкоски.

„За следната прес-конференција Димче Арсовски нека земе слики од архивата на ВМРО-ДПМНЕ, од Клиниката за инфективни болести кога во време на ВМРО-ДПМНЕ таму немаше ни топла вода. Ако Арсовски не знае бидејќи тоа време беше дел од Демократска десница, нека сврти некој телефон до Будимпешта да го избрифираат“, се наведува во реакцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема