Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Арсовска само ги „вози“ граѓаните, веќе не ветува набавка на електрични автобуси

СДСМ: Арсовска само ги „вози“ граѓаните, веќе не ветува набавка на електрични автобуси

Зошто Данела Арсовска денес не се возеше во двокатните дизел автобуси што ги набави ВМРО-ДПМНЕ, туку во автобуси од фабриката МАН, какви што набави Петре Шилегов, прашуваат од СДСМ како реакција на денешниот настан на кој кандидатката за градоначалничка најави 250 нови екоавтобуси како дел од нејзината програма.

„Одговорот е јасен – криминалната набавка на ВМРО-ДПМНЕ на двокатните дизел-загадувачи имаше катастрофални последици за аерозагадувањето на Скопје, секаде каде што сообраќаа автобусите кои трошат над 40 литри дизел на 100 километри. Двестете двокатни дизелаши годишно трошат 25.000 евра гориво по автобус повеќе отколку оние на МАН на CNG, значи, со набавката на МАН автобуси веќе се заштедија неколку милиони евра на скопјани“, нагласуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека на денешната прес-конференција Данела Арсовска повторно се обидела, како што велат, да ги „извози“ новинарите и граѓаните со нејзиното ветување за бесплатен превоз со 250 електрични автобуси.

„Маските почнуваат да паѓаат и Арсовска веќе не ветува набавка на електрични автобуси. Арсовска сега тврди дека по 82 дена ќе започнала со набавка на 150 автобуси на CNG (како оние што ги набави Шилегов) и сега веќе не зборува за купување на дополнителни нови 100 автобуси, туку за етапно приспособување на 100 автобуси на ‘алтернативен енергенс’“, посочуваат од партијата од каде нагласуваат дека Арсовска веќе воопшто не спомнува купување електрични автобуси, како 18-метарскиот електричен автобус на нејзините плакати.

Во реакцијата се подвлекува и дека за разлика од Арсовска, Шилегов има конкретен проект за Брз автобуски превоз, за кој веќе се обезбедени средства за два нови коридора, за нова флота за ултра-еколошки автобуси, за нови автобуски станици и депоа, за дигитализација и „при-пејд“ систем на билети со единствена карта.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт