Утрински Весник
Македонија

Светската банка со поддршка за предложените реформи во основното образование

Светската банка со поддршка за предложените реформи во основното образование

Светска банка ќе продолжи да ги поддржува напорите на Владата и на Министерството за образование (МОН) за унапредување на квалитетот и конкурентноста на националниот образовен систем. Ова е заклучокот од денешниот состанок на министерката за образование и наука Мила Царовска и Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и Косово, информираат од ресорното министерство.

„Со поддршка на нашите партнери, убедена сум дека Концепцијата за основното образование, ќе биде движечки фактор во реформирањето на сите сегменти на образовниот систем во нашата земја. Добро испланирани и координирани реформи во полето на образованието, ќе придонесат за развој не само на единката, туку и на целокупното општество“, рекла Царовска на средбата.

Директорот на канцеларијата на Светска банка, ја потврдил поддршката за предложените реформи во основното образование, за кои напоменал дека се во целосна согласност со препораките на Светска банка.

Според Банката, инвестирањето во основното образование е докажано дека дава поголеми резултати споредено со подоцнежните степени на образование и обука и има одлучувачки придонес во развојот на човечкиот потенцијал, објаснуваат од МОН.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината