Утрински Весник
Македонија

Свети Николе доби донација во заштитна опрема

Свети Николе доби донација во заштитна опрема

Штип, 30 април 2020 (МИА) – Општина Свети Николе денеска доби 4.000 маски и 80 заштитни одела од нашиот сограѓанин Дејан Петрушевски, информираше денеска градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

– Истите, се дистрибуирани до Здравстен дом “Г. Гаврилски” Свети Николе, МВР Свети Николе , Центар за јавно здравје-Свети Николе, НВО секторот , преку Центарот за социјална работа до социјално загрозените семејства и до сите други институции во градот, вели Велковски.

Тој упати благодарност до Петрушевски за донацијата и помошта во справување со коронавирусот во нашата општина.

– Ова е уште еден доказ, дека Свети Николе е непресушен извор на солидарни и хумани луѓе, додаде Велковски. вдј/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вицепремиерот Фетаи се оддели од Таравари: Нема да дозволиме да се врати ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ последниве 20 години ја делеше и ја уценуваше државата, а сега врескаат затоа што правдата чука на нивната врата

На денешен ден во 1961 година се случила премиерата на македонскиот филм „Мирно лето“