Утрински Весник
Македонија

Сведоштво на прилепчанка која го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Сведоштво на прилепчанка која го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“
Ss2

Седумдесет годишната Виолета Мирчевска од Прилеп три неделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација и било семејството кое ја охрабрувало да издржи и повторно цврсто да застане на нозе.

Таа раскажува дека била ставена на кислородна поддршка и се чувствувала многу лошо.

Ss1

„По една недела со симптоми на Ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето лекување беше едно од потешките, бев ставена на кислородна поддршка и се чувствував многу лошо. Во текот на целиот престој во болницата, медицинскиот персонал го даде својот максимум. Неуморно работеа за подобрување на мојата состојба“, вели Виолета.

Додава дека без лекарите немала да успее да ја преживее оваа битка. Исклучително е благодарна за грижата, но и за хигиената во установата.

„Голема мотивација ми беше семејството, децата, мојот брат и сопругот кои ја поминаа приказната заедно со мене. Упатувам апел до граѓаните да носиме маски, да се грижиме за нашата хигиена и да држиме растојание од 2 метра“, вели Виолета чиешто сведоштво го сподели министерот Венко Филипче на социјалните мрежи.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митрески: Гласот за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори

Доверливиот избирачки материјал од битолската печатница почна да се дистрибуира до Општинските изборни комисии

АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ОКОЛУ ТОА КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРЕТСТОЈНАТА ВЕЧЕР И НОЌ, КОГА СИТЕ НИЕ СМЕ ВО ЦРКВА ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН