Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Сањол: Заслужено победивме во Скопје

300x250 opst2

Грузија ја победи Македонија со 0:3 и практично ги реши дилемите околу првата позиција во групата од Лигата на нации. Избраниците на Благоја Милевски ја пропуштија шансата откако беа инфериорни во второто полувреме од натпреварот.

Селекторот на Грузија, Вили Сањол, е задоволен од триумфот кој е можеби и клучен за освојување на првото место.

„Среќни сме поради триумфот. По двете победи, не сакав многу да менувам во тимот и вистинско чудо е како издржаа фудбалерите да одиграат на високо ниво. Во вториот дел бевме подобри и заслужено победивме, но ако го погледнеме и првото полувреме, можеби триумфот е преубедлив“, изјави Вили Сањол.

> Сањол: Заслужено победивме во Скопје <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица